Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Чистење и одржување на мебел од природна кожа


Природната кожа не е хемиски обработена, па поради тоа има многу висока способност за апсорпција и е многу чувствителна на сите видови течности, масти и други супстанции.

Затоа дамките треба веднаш да се отстранат, за да се избегне нивно ширење и примена на поостри третмани. Во одредени случаи, доколку веднаш не се реагира, нивното отстранување може да биде и невозможно.


Чистење на природна кожа:

• Кај суви дамки, површината четкајте ја со мека четка или правосмукалка, подесена на средна јачина со соодветниот дополнителен елемент (продолжеток), притоа водејќи сметка да не гребете по кожната преслека.

• Дамките предизвикани со излевање на течност (сок, кафе, чај, млеко, џем) брзо впијте ги со чиста крпа или хартиено марамче. Потоа, со чиста крпа натопена во раствор од млака вода и неутрален сапун, нежно исчистете ја дамката, од нејзината надворешна страна кон внатрешната. Кожата не треба да се превиткува, а површината потребно е да се осуши со пребришување со чиста крпа. Кожата не смее да се суши на сонце или со фен за коса.

• Кај масни дамки (масло, кечап, мајонез, чоколада), остатокот вимателно избришете го со хартиено марамче, притоа внимавајќи да не ја притискате дамката, со цел да не се впие во порите. Со чиста крпа, натопена во млак раствор од вода и неутрален сапун, внимателно исчистете го остатокот на дамката, од надворешниот раб кон внатрешноста. Веднаш потоа површината исушете ја со пребришување со сува крпа.


Одржување на природна кожа

Кожата треба да се одржува 1-2 пати во месецот, или почесто ако е потребно. Површината после постапката треба да се пребрише со чиста, сува и мека крпа.

Водата е забранета - чистењето на кожната гарнитура со вода е забрането бидејќи кожата пука од влагата. Меѓутоа, дозволено е таа да се пребрише со влажна крпа, но под услов веднаш потоа да пребрише со некоја сува мека крпа.

Спрејот е најдобар - за одржување на кожниот мебел најдобри се средствата во форма на спреј. Со нив се прска мебелот, а потоа се пребришува со сува мека крпа.

Крема - кремата за чистење на кожниот мебел не би требало да ја употребувате често. Доволно е на секој 3-4 месеци со неа да го премачкате кожниот мебел и тој ќе остане мазен и мек.

Чистење на прашината - еднаш неделно исчистете ја прашината која се собира во превоите. Така ќе избегнете собирање на поголеми количества на прашина и прибегнување кон поагресивни методи.

Восок - кожниот мебел не смее да се чисти со восок ниту со крема за чевли, бидејќи на тој начин се затнуваат порите и се создава масен слој, кој уште повеќе ја привлекува прашината.


Предупредувања:

• Избегнувајте да ја поставувате гарнитурата блиску до извори на топлина, како што се радијаторите или печките. Нека бидат поставени на најмалку 50 cm од изворот на топлина.

• Ако сакате да ја задржите оригиналната боја, гарнитурата не ја изложувајте на сонце и силни извори на светлина за да не избледи.

• Не употребувајте непроверени средства за чистење и заштита на кожата. Секоја дамка отстранете ја ВЕДНАШ, пред таа да се впие.

• Во просторот во кој има кожен мебел најпримерена влажност е од 40% до 60%, за да се спречи сушење и пукање на кожата.


За крај, ќе напоменеме дека некои типови кожа, и покрај нормалната употреба, со тек на времето добиваат патина. Неа не треба да се обидуваме да ја отстраниме бидејќи на тој начин ќе се создаде уште поголемо оштетување.