Доколку сте лакирале или бојадисувале парче мебел или друг предмет, после постапката се чувствува силен мирис кој може да делува надразнувачки на грлото, очите, носот, да почувствувате вртоглавица или главоболка.
Првиот совет е лакирањето и боењето да се изведува со еколошки производи кои ќе го елиминираат штетното дејство од нивното испарување.
Предметот после завршувањето на постапката треба да се извади некое време надвор на воздух за да се изгуби непријатниот мирис. Доколку е во просторија, во истата треба да се обезбеди добро проветрување, кое може да го постигнете најдобро со вентилатор кој ќе биде насочен кон предметот и отворен прозорец.
Доколку мирисот и понатаму е присутен, улогата на прочистувач на воздух може да ја постигнете со помош на природни средства.
Така доколку во просторијата каде сèуште се чувствува мирисот на лак или боја внесете сад со бел оцет, сол, сода бикарбона, активен јаглен, неколку кришки лимон, или пак сад со вода, тие ќе ја одиграат улогата на впивање на непријатните мириси.
После ова, средството кое сте го употребиле за одземање на мирисот не смее да гo консумирате за исхрана и треба да го фрлите.