Доколку сакате да го исперете тепихот на природен, но ефикасен начин, еве совет како тоа може да го направите и тој повторно да засјае.
Најпрвин исчистете ја прашината од тепихот поминувајќи го со правосмукалка, а потоа земете памучна крпа, потопете ја во оцет и прејдете со неа преку целиот тепих.
Потоа земете друга крпа, намокрете ја со вода, а потоа на неа ставете сода бикарбона, пребришете го целиот тепих со неа и оставете го половина час.
Содата бикарбоната ќе ги извлече непријатните мириси и остатоци од прашина од тепихот, а оцетот ќе ја одигра улогата на дезинфекционо средство.
После оваа постапка тепихот ќе биде како чист и без наталожените непријатни мириси.