За да го задржат својот сјај и убавина, уметничките сликите треба правилно да се чуваат и одржуваат. Тие не треба да бидат изложени на директно влијание на сончевите зраци, на влага или јако вештачко осветлување. Не ги закачувајте веднаш до грејни тела, топлински цевки и други извори на топлина, како и до расветни тела.
Кај сликите со масло на платно, прашината треба да се отстрани со многу нежна и мека четка. Четката треба да биде сува и чиста. Доколку четката не е чиста и е мрсна, прашината уште повеќе ќе се втрие во сликата.
Кај сликите изработени со акварел техника прашината може да се отстрани со многу нежно триење со топче направено од леб, кое ќе ја втрие прашината во себе, без да ја оштети бојата и хартијата. Потоа со мека четка може да ги отстраните остатоците од трошки леб на сликата.
Рамките од дрво на сликите може да ги изчистите од прашина со влажна крпа натопена во топла вода и детергент, а потоа може да ги истриете со малку средство за одржување на мебел.
За крај, совет е одржувањето на сите уметнички слики со голема вредност да го препуштите на стручно лице – реставратор.