Доколку на крајот на циклусот на машината за миење садови забележите лошо измиени садови со трагови на каменец, причината лежи во наталожениот каменец во машината чии делови се таложат и на садовите.
За да го отстраните каменецот од машината за садови, може да ја примените следната постапка:
Во преградата за прашок на машината ставете 3 кесички лимонус и пуштете го циклусот за секојдневно миење на садови. После 10 минути отворете ја вратата и дното на машината истурете 2 децилитри алкохолен бел оцет. Затворете ја вратата и оставете да заврши циклусот до крај.
После оваа постапка вашата машина ќе биде подготвена за миење на садовите без бели траги од каменец.