Медијапанот е често употребуван материјал кога станува збор за изработка на плочест мебел, како што се комодите, елементите во кујната и др.
Лакираниот медијапан е слабо отпорен на механичко оштетување. Со други зборови, доколку не внимавате, лакот лесно може да се оштети, односно изгребе, а за да се санира потребно е повторно лакирање. Оштетениот лак може да доведе до понатамошно оштетување на медијапанот под дејство на влагата.
Затоа, елементите од медијапан треба да бидат во контакт со друг мебел, правосмукалки, садови или други предмети кои може да ја оштетат површината.
Во кујната, топлината и пареата од разни апарати како што се кафемати, тостери фритези или скари, доколку се поставени директно под медијапанските елементи, може да предизвикаат оштетување на лакот и промена на бојата.
Штом ќе забележите капки од течност или дамки од маснотии и сл., треба брзо да се исчистат за да се спречи пенетрирање и оштетување на лакот. Медиапанот е отпорен на влага, но не е водонепропусен.
За чистење се препорачува употреба на влажна памучна крпа, а веднаш потоа пребришување со мека чиста памучна крпа. Доколку се појават масни дамки може да се употреби благ раствор од средство за миење садови.
Никако не треба да се употребуваат груби, абразивни средства за чистење или средства на база на амонијак. Никогаш не ги чистите елементите од медијапан со истите крпи за чистење садови бидејќи на нив може да има траги од амонијак, оцет и други материи кои потекнуваат од храната, кои може да делуваат штетно на површината.