Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Ослободете се од молците во плакарот



Домашните молци сe инсекти кои наликуваат на пеперутки со големина од 6 до 14 милиметри. Имаат кафена боја, со варијации од светла до темно кафена боја, а на крилата имаат светли дамки. Можат да се видат во секој период од годината, но летаат од месец мај до октомври. Волната, крзното, кожата, свилата и други влакна од животинско потекло претставуваат нивна храна во плакарот.





Освен со растенијата како што се мента, рузмарин, лаванда и лимон, облеката од молците може да се заштити и со правилна организација со правилна организација во плакарот, според видот на ткаенината.


Организација на плакар

Без разлика дали сте носеле некоја облека само еднаш, пред да ја ставите во плакарот задолжително исперете ја. Невидливите дамки од дезодоранс, стик или бело вино претставуваат вистински извор на храна за молците. Пред перењето проверете ги сите џебови за да не им оставите оброк.





Волнена ткаенина оштетена од молци


Молците ги привлекува и штиракот, па затоа облеката и прекривките за маса кои нема наскоро да ги користите не ги штиркајте. Понежните и фини материјали однесете ги на хемиско чистење, но немојте да ги ставате во заштитни пластични или најлонски “кошулки” во кои ќе ги добиете во сервисот за хемиско чистење. Облеката нема да може да “дише“ во пластиката, па доколку во нив случајно бил заробен молец, ќе постојат идеални услови за размножување.

Плакарот во кој планирате да ја ставите сезонската облека најпрвин добро проветрете го, а потоа и пребришете го. Облеката поделете ја според видот на ткаенината. Протеинските влакна како што е свилата, волната, крзната и кожата претставуваат природна храна за молците. Затоа треба да се одвојат од облеката со влакна од растително потекло (памук, лен и индустриска свила) во друг плакар или во вакуумски вреќи во кои ќе бидат добро заштитени.




Вакуумските вреќи претставуваат соодветна заштита од молци


Потешката облека како што се џемпери, волнени елеци како и вечерни фустани сложете ги и чувајте ги во муслин бидејќи во него воздухот лесно циркулира. Пластичните кутии исто така се соодветни.


Природна заштита против молците

Топчињата против молци не се препорачливи. Истражувањата покажале дека тие се отровни, а и дека нивниот тежок мирис практично е невозможно да се “истера” од плакарот.




Лавандата е природно средство за истерување на молците


Сува лаванда, рузмарин, мента, мајчина душичка, циметот, цедарот и сува кора од лимон имаат интензивен мирис кој ги тера молците надалеку.

Вреќичката против молци може сами да ја направите доколку во чисто крпче или газа ставите свеж рузмарин и мента во еднаков однос.

Свежа мента и рузмарин со својот силен мирис ќе ги држат молците понастрана од омилената облека, а рузмаринот може да го исушите и да го чувате во пластични вреќи. Неговото дрво во себе содржи киселина која го отпушта во мали количества, може да ја оштети облеката кога во дрвените плакари стојат подолго од шест месеци. Затоа е добро тој да биде замотан во муслин.

Цедарот е растение со исклучително силен мирис од кој молците буквално бегаат. Ефикасен е и во форма на гел, вреќичка или коцкички. Потребно е да се менува на шест месеци.




Од цедарот молците буквално бегаат


Успешно средство против молци се добива и доколку се направи мешавина од повеќе растенија. За таа цел, земете малку лаванда, рузмарин, каранфилче и многу малку сува кора од лимон и замоткајте ги во сноп. Истото може да го направите и со малку лаванда, сува кора од лимон и стапчиња од цимет.