Пријатниот мирис на домот не мора да зависи од освежувачите на воздух и миризливите свеќи. Постојат многу природни средства за оваа намена кои се лесно достапни. Еве повеќе примери за нивна употреба:
За да не мириса целата куќа на јадењето кое се готвело, во чиста тава измешајте цимет и шеќер и оставете неколку минути на тивок оган за да пуштат мирис.
За отстранување на мирисот на чадот од цигари, ставете оцет и вода во неколку чиничиња распоредени по собата.
За да облеката, ќебињата и останатите текстилни производи не мирисаат на влага или мувла, најдобриот лек е секако превенцијата. Но доколку е предоцна за тоа ставете чиста вотка во распрскувач и попрскајте ја облеката. За да избегнете евентуални дамки, најдобро е претходно да ја превртите облеката.
Силните мириси на хемикалии кои ги употребуваме при чистењето на домот може да се ублажат доколку ставиме на кратко да се пече кора од портокал или лимон.
Кога во фрижидерот се чувствува непосакуван мирис, после стандардното перење, пребришете ги полиците и вратата со мешавина на вода и оцет (50:50), па повторно пребришете со памучна крпа со малку екстракт на ванила.
За отстранување на мирис на устоеност од облеката, ставете на местото каде што ја чувате згужвани весници и тие ќе ги соберат сите мириси на устоеност. Хартијата од весник може да се употреби и кај чевлите за да се ослободите од мирисот и влагата во нив.
Мелницата за отпадоци во кујната ќе мириса убаво ако во неа ставите врела вода, па ставите кора од портокал или лимон кој ќе ја исечка.
За отстранување на било какви непријатни мириси во собата, натопете пешкир со оцет (да биде влажен, но не мора да капе) и мавтајте. Со оваа мирисите ќе исчезнат.
Доколку тепихот има непријатен мирис, испрскајте го со сода бикарбона, оставете го 10-15 минути, па исчистете со правосмукалка.
За крај, домашните растенија се одличен начин да се неутрализираат непријатните мириси, а истовремено и да се разубави вашиот дом.