| Чистење и одржување:
Чистење на дамките во домот
Етерични масла и чистење на животниот простор
Овлажувач на воздухот за поздрав дом
Јонизирање на воздухот
Ослободете се од алергијата во домот
Чистење и одржување на мебел од природна кожа
Чистење на подни облоги
Одржување и чистење на персиски тепих
Како против таложење на прашина?
Постапување со старинскиот мебел
Ослободете се од молците во плакарот
Десет чекори до плакар со пријатен мирис
Совети за чиста бања
Сјајни и проточни славини
Природни средства за чистење
Совети за чистење на уреди за готвење
Мали совети за чистење
Траги од вода на дрвен мебел
Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот
Отстранување на боја од дрвенаријa
Олеснете го миењето на прозорците
Места во домот на кои се таложат бактериите
Вратете го сјајот на сребрените предмети
Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта
Чистење на технички уреди
Отстранување на мувла со средство за белење
Чистење на тастатура
Одржување на мебел од масивно дрво
Чистење на клима-уред
Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан
Оцет – универзално средство за чистење
9 корисни совети
Oслободете се од кујнски молци
Чистење и одржување на душек
Третирање на масни дамки на ѕидот
5 мали совети за чистење
Природни средства за одзатнување на одводите
Справување со влагата во домот
Природно парфимирање на домот
Совети за побрзо чистење
Чистење на еко-кожа
Совети за чистење после бојадисувањето
Со чиста кујна против бактериите
Чистење и одржување на предмети од бакар
Одржување и чистење на медијапан
Чистење на глава на туш
Млекото како средство во домаќинството
Оризот како средство во домаќинството
Мали тајни за отстранување на лоши мириси
Кеса со вода за терање на мувите
Ацетонот како средство за чистење на дамки
Ослободете се од мушичките
Употреба на медицинскиот алкохол во домот
Чистење на дамки од лепак
Употреба на кората од портокал во домот
Како да го искористите талогот од кафе
Исчистете го тепихот од урината од мачка
Извори на мувла во кујната
Со лимонтус до зголемен век на машината за перење
Одледување на замрзнувачот
Чистење на каменец од машината за миење садови
Природно средство за чистење на инокс
Чистење на метален филтер кај аспиратор
Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии
Чистење на прашина од уметнички слики
Отстранување на налепници
Одлепување на тапети
Како против мирисот од лак и боја?
Проветрување на домот
Со омекнувач против прашината
Подигнат паркет
Што не треба да се мие во машина за садови?
Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет
Чистење свеќник од восок
Отстранување на дамки од топлина
Природен начин на перење на тепих
Совети за чистење на ѕидот
Направете средство за дезинфекција на бањата
Влијание на етеричните масла
Репарирање на дрвен мебел со орев
Како да заблеска дрвото
Чистење на восок од дрвена површина
Чистење на рерната без хемикалии
Негативни ефекти од влагата во домот
Босилек против комарци
Чистење на дамки на софа од микрофибер
Што да се прави при поплава во домот?
|
| |
| Одржување и чистење на персиски тепих
Персиските теписи претставуваат синоним за квалитет и трајност, но само правилната нега и одржување ќе им овозможи долг век и убавина. Еве неколку совети за нивно одржување:
Заштитете го од молците - персиските теписи се изработуваат од волна, материјал кој претставува храна за молците. Ларвата на молците може да се смести во внатрешноста и до 10 cm од работ на тепихот, а најчесто тоа се случува од долната страна каде што не е вознемирувана од никого. Затоа тепихот од време навреме треба да се проверува од долната страна, со цел да се забележи било каква активност на молците.
Спречете директна изложеност на сончево зрачење - персискиот тепих не смее да биде изложен на силно сонце за да се спречи избледување на неговите бои. Притоа, прозорецот не претставува соодветна заштита бидејќи стандардното стакло не го сопира UV зрачењето. За таа цел на прозорците треба да се постави завеса или друг вид на засенување, а може и специјална фолија која врши филтрирање на UV зраците.
Не треба да биде изложен на прекумерна влага – преголемата влажност во просторијата, како природната, така и онаа која потекнува од овлажувачите и клима-уредите, може да влијае негативно на структурата и бојата на тепихот.
Повремено направете ротација - променете ја поставеноста на тепихот на секои 6 - 12 месеци со цел да се избегне понагласено абење на места во просторијата каде што има пофреквентно движење и активности.
Подалеку од домашните миленичиња - домашните миленичиња може да го оштетат тепихот со жвакање на краевите на тепихот, кинење со канџите, како и со вршење на нужда.
Чистење на тепихот – Најдобро е чистењето да се врши редовно, со сува метличка или со тресење. Грубите четки треба се избегнуваат.
За чистење може да се употребува и правосмукалка која е со слаба моќност или која при правосмукањето е подесена на најслаба јачина. Најдобро е правосмукањето да се изведува во правец на протегање на влакното на килимот.
Не употребувајте средства за хемиско чистење или за отстранување на дамки, како и уреди за чистење на пареа.
Перење на тепихот - Персискиот тепих треба да се пере само кога навистина има потреба за тоа, а перењето не смее да биде длабинско. Персискиот тепих не смее да се пере во машина и да се пегла.
Треба да се употребуваат благи раствори на специјализирани средства за перење на природно боени волнени или свилени ткаенини. Средствата не треба да содржат хлор, амонијак, избелувач, омекнувач или силикон, а најдобро е кога се од растително потекло.
По перењето тепихот не смее да биде оставен влажен за подолго време бидејќи постои можност за појава на мувла, која ќе предизвика трајни оштетувања. Не треба да се суши на радијатор, печка или греалка, туку треба да биде оставен на свеж воздух.
|
|