За да се врати сјајот на површините на мебелот од дрво, може да употребите природно средство. како што е мешавината од лимон и маслиново масло.
Две лажици од маслиново масло и две лажици лимонов сок промешајте ги добро, може со протресување во некој помал сад.
Оваа мешавина треба да се нанесе на крпа и да се премачка дрвената површина. Се остава дрвото да впие 10 минути, а потоа треба да се поминат премачканите површини со чиста крпа.
Ова природно средство не се лепи и нема мирис, а маслиновото масло поволно ќе влијае и на прикривање на ситните гребнатинки.
За крај, треба да се знае дека оваа постапка има поголемо дејство на дрвени површини кои имаат маслена заштита отколку на оние заштитени со лак.