Според фенг шуи, енергијата на скалите никогаш не е стабилна поради движењето горе-доле. Неправилното позиционирање на скалите доведува до неурамнотежен фенг шуи. Еве неколку совети каде треба и каде не треба да бидат поставени скалите во домот.
Скалите не треба да се поставуваат во централниот дел на куќата бидејќи тука е срцето на куќата. Постојаното истекување на енергијата кога се спуштате по скалите лошо влијае на општата атмосфера во куќата. Доколку скалите не може да бидат на друго место, ќе треба да се употребат фенг шуи средства и талисмани за да се ослабне негативното влијание.
Скалите кои водат на вториот кат не треба да гледаат директно во влезната врата. Имено, енергијата која оди надолу директно наидува на Чи енергијата која влегува од влезната врата.
Треба да се избегнуваат скалите во зоните на здравјето (исток), љубовта (југозапад) или парите (југоисток). Доколку се поставени во овие зони, доаѓа до губење на енергијата во овие области.
Бојата и обликот на скалите треба да биде во зависност од зоната. Така на пример, во источна зона треба да се избегнуваат метални елементи, а да се даде акцент на елементот дрво. Обликот на скалите треба да дава визуелно чувство на стабилност и постојаност.