
Во современото домување, концептот на отворен простор, во кој се наоѓаат и дневниот престој и трпезаријата во една целина, е често застапен. Според фенг шуи пак, овој пристап е непожелен бидејќи фенг шуи препорачува трпезаријата да биде одвоен, засебен простор. За да направите компромис, може да се употребат прегради во отворениот план на просторот, кои визуелно ќе ја одделат трпезаријата од дневната соба.
Трпезаријата треба да биде позиционирана подалеку од бањата, тоалетот и влезната врата во домот. Според фенг шуи, столицата каде што седи главата на семејството треба да биде што е можно подалеку од вратата во трпезаријата.
Сликите кои се поставени на ѕидот од трпезаријата пожелно е да имаат ведри акценти на црвена, портокалова или жолта боја, со неутрални позадини за да се создаде контраст. Може да се стават и уметнички дела со мотиви на храна.
Кога станува збор за избор на маса, фенг шуи ги препорачува кружните и овалните маси заради подобра комуникација, наместо квадратните и правоаголните облици.