Сјајниот пиритот е минерал од групата на сулфиди со хемиска формула FeS
2. На почетокот се мислело дека станува збор за злато, па затоа уште се нарекува и лажно злато.
Според фенг шуи, овој минерал има искучително силна позитивна енергија, па затоа е незаобиколен елемент во секоја фенг шуи колекција на кристали и камења. Тој емитира оптимистичка и весела енергија која е цврста и приземјена. Тој исто така е одличен и за заштита и може да ја одбие негативната енергија.
Помага за подобро расудување, па затоа е добредојден и во деловните простории. Може да ви даде оптимизам, јасност, како и психичка стабилност за било кој потфат.
Според фенг шуи, пиритот е еден од најдобрите камења за привлекување на енергијата на богатството и изобилието. Може да се користи како грумени, во облик на топка или коцка. Може да се постави во било кој дел од просторот, самостојно или во комбинација со другите фенг шуи симболи за богатство.
Доколку го користите како лек за финансии, најдобро е пиритот да се постави во подрачјето на Багуа одредено за богатство и пари, односно во југоистокот од домот или во канцеларијата.
Грумените и топката употребувајте ги во домот, додека коцката во деловните простории.