Енергијата на кујната е силна поради присуството на апаратите и печката во неа. Таа треба да биде поставена во задниот дел од куќата, односно да не биде блиску до влезната врата.
Имено, доколку се наоѓа блиску до влезната врата, според фенг шуи, хранливата вредност на прехранбените продукти се одлева преку влезната врата.
Друг проблем доколку кујната е блиску до влезната врата е фактот дека при влегување во домот прва просторија што ќе ја видиме е кујната, што може да создаде инстинкт да се јаде и без потреба.
Исто така, и самото присуство во кујната може да наведува на создавање на лошиот став - јади и оди си.
Доколку кујната сепак е поставена до влезната врата, може да се постави лесна завеса која ќе ја одвои од неа. Може да се употребат и високи растенија, убави уметнички дела или фонтана, на пример, кои ќе ја насочат енергијата кон дневната соба.