Часовниците се неизбежни предмети во секој дом кои ни помагаат да го усогласиме нашето темпо во согласност со времето. Според фенг шуи, постојат некои места за поставување на часовникот кои се поповолни од други, а постојат и места кои не се препорачуваат.
Поволни простории за поставување на часовници се кујните, дневните соби и работните соби.
Доколку часовник е мал, поволен е и во детската соба бидејќи им помага на децата подобро да го разберат токот на времето.
Исто така, будилник во спалната соба практично е потреба, но сепак треба да биде мал и лесно подвижен. Одберете будилници кои работат на батерии, а не на струја, за да се заштитите од електромагнетните бранови кои може да делуваат неповолно на здравјето. Не поставувајте големи будилници во спалната соба, а уште понеповолно би било ако во спалната соба ставите повеќе различни часовници. Спалната соба е место за потполна релаксација, место каде што времето “забавува” и со него треба да владее еден поинаков часовник – часовникот на вашето тело.
Ако имате збирка на ѕидни часовници кои сакате да ги изложите, може да ги поставите во дневната соба, или како во некоја галерија, изложете ги во ходникот.
Уште неколку совети:
• Не го поставувајте часовникот така што прво него би го здогледале кога влегувате дома;
• Не поставувајте метален часовник на источниот дел од домот, каде што е делот на здравјето и семејството;