
Празници кои го слават новиот почеток се новогодишните празници и Божиќ. Затоа, при уредувањето прв чекор е да се отстрани старата енергија и да се создадат темели за доаѓање на новата. Исчистете го нередот доколку владее во одреден простор, затоа што тој прави енергијата да е стагнирачка и не допушта надоаѓање на нова енергија.
Обезбедете добро осветлување и проветрете го просторот – овие два елемента се потребни за дотекување на добрата Чи енергија во домот.
Целта на украсувањето е да се создаде атмосфера на радост и хармонија во домот. Немојте да ги ставате сите украси кои ги имате на располагање по секој цена, туку ставете ги оние кои навистина ви се допаѓаат.
Големината на елката треба да биде во склад со големината на просторот. Таа треба да биде поставена во простор околу кој ќе се собира семејството и пријателите. За да се придонесе на квалитетна поврзаност на семејството, секој член нека стави барем еден лампион, внесувајќи со овој чин дел од својата енергија. Освен пластичните и стаклените лампиони, добро е да се стават и украси од природни ткаенини, како машни и ленти, кои ќе и дадат „мекост“ на декорацијата на елката.
Украсните сијалички и останатото осветлување поставете го на тој начин што ќе обезбедите рамнотежа, за да не се создаде состојба на прекумерно светло, особено црвено со трептечки ефект, кое може да се внесе напнатост и тензија во атмосферата. Во домот настојувајте да внесете украси од природата, како што се зимзелени гранчиња, венчиња, шишарки, желади, слама и декорирани плодови.