Куќата кога е мирна и тивка се создава јин енергија, а со тек на време, според фенг шуи, таа енергија може да создаде депресивност и кај луѓе кои се оптимисти по природа.
За да ја подигнете енергијата во вашиот дом, чистите и јасни звуци од „садот кој пее“ или од месинганото ѕвоно ја пресекуваат јин енергијата и ја вадат од домот.
Според фенг шуи, „садот кој пее“ емитува звуци присутни во вселената, кои имаат способност да ги урамнотежуваат енергетските полиња.
Се започнува од средината на собата или домот, а потоа поместувајте се од вратата во насока на движење на стрелките на часовникот. Задолжително треба да се ѕвони во темните агли, како и места кои предизвикуваат стагнација и собирање на јин енергија.
Треба да се знае дури и звукот на телевизорот или радиото го одржува енергичен домот со звуците од различни животни активности и ја одржува чи енергијата.