
Аквариум во дневната соба, според фенг шуи, ја активира среќата поврзана со богатството. Една од најпопуларните методи кои ја применуваат кинеските бизнисмени за да привлечат просперитет во својата компанија е поставување н аквариум.
Идеални места за поставување на аквариумот се на север, исток или југоисток во дневната соба. Не го ставајте аквариумот спроти влезната врата, бидејќи на тој начин делува како огледало, со што богатството истекува од домот. Исто така, не го поставувајте во кујна, под носечка греда, спроти тоалет или под скали. Аквариумот во спалната соба ја нарушува природната јин енергија и затоа не се препорачува да се поставува во оваа соба.
Тркалезните аквариуми се попогодни од правоаголните, но било кој правилен облик е прифатлив. Аквариумот не треба да биде преголем, туку со доволна големина за удобно сместување на рибите. Меурчињата во него влијаат поволно бидејќи го привлекуваат просперитетното Чи во домот.
Според фенг шуи, најдобро е кога има девет риби или број кој е делив со девет, меѓу кои и една црна рипка. Се смета дека таа ќе ја апсорбира негативната енергија кој влегува во просторот. Најпопуларни риби се златните, рибата змеј и јапонскиот крап (кои), бидејќи тие ја симболизираат среќата поврзана за изобилство и просперитет.
За крај, за да се привлече среќата во вид на богатство, неопходно е водата во аквариумот да се одржува чиста, а рибите да бидат здрави.