Доколку просторот во кујната е мал, треба да се определите за неопходните работи кои ќе бидат во неа за да биде уредна и средена. Со отстранување на вишокот на работи енергијата ќе се подобри.
Според фенг шуи, отворените полици се едно од решенијата за складирање. Тие ја олеснуваат енергијата и го подобруваат нејзиниот тек.
Површините во мала кујна треба да се со светли бои, кои ќе се вклопат со другите елементи во кујната. Огледала се добредојдени, како стандардно решение во фенг шуи за мали простори.
Осветлувањето во малата кујна не треба да се ограничи на едно големо расветно тело, туку треба да има и други помали кои ќе создадат атмосфера која нема да биде монотона.
Во кујната добро е да се има свежа енергија на ароматично растение или пак сад со свежо овошје.