Доколку се разгледа рангирањето на енергиите на боите според фенг шуи, силата на виолетовата боја е исклучителна, и тоа во тесна релација со самоанализата, мудроста и поврзувањето со вселената.
Сепак, треба да се знае дека виолетовата боја, според фенг шуи, не треба премногу да се употребува доколку се сака да се создаде хармоничен и здрав дом.
Виолетова боја означува кулминација на енергијата на огнениот елемент, односно таа силно го изразува елементот оган во просторот, па затоа треба внимателно со нејзината употреба. Акценти или дел од ѕидот обоен во виолетова, тепих или гарнитура во виолетова е сосема доволно за употреба во просторот.
Согласно со багуа, простор кој ја сака виолетовата боја е јужниот, југозападниот, централниот и северoисточниот дел на домот, а треба да се избегнува во западниот и северниот дел. Виолетовата боја во просторот ја поттикнува љубовта и бракот, духовниот развој, репутацијата и славата.
Идеален начин за внесување на виолетовата во домот е преку аметистот, еден од најмоќните кристали во фенг шуи.