
Доколку сакаме да го избегнеме чувството за нестабилност во семејниот живот, работата, благосостојбата и доброто здравје, според фенг шуи, гарнитурата за седење треба да биде поставена така што со задниот дел ќе биде близу до ѕидот. Ова значи дека не е поволно кога таа е во средината на собата.
Причина за ова е фактот дека кога седиме до ѕидот, не постојат подвижни елементи на кои мора да внимаваме и на тој начин се чувствуваме посигурно.
Софата не треба да биде потполно залепена до ѕидот, бидејќи неколкуте сантиметри оддалеченост ќе овозможат добар проток на енергија, без да се жртвува чувството на сигурност кои го даваат ѕидовите.
Треба да се избегнува поставување на гарнитурата кога со задниот дел е насочена кон прозорец, поради веќе спомнатиот момент на подвижни елементи.
Најдобро е кога гарнитурата за седење е поставена така да од неа може да се види главниот влез на просторијата, со што факторите на изненадување се драстично намалени. Доколку ова не е можно, може да се постави огледало кое ќе овозможи овој дел од просторијата да биде видлив од софата.