Квалитетот на енергија во дворот на куќата може да се оцени со еден поглед. Дали е чист и убаво уреден? Дали може нешто да се направи за да се подобри?
Исто така, самите може да почувствувате какво чувство буди кај вас кога се наоѓате во него. Дали се чувствувате добредојдени и среќни кога се приближувате на куќата, или сте загрижени.
Во околината на куќата неповолно влијаат два вида негативна енергија: напаѓачка (Sha Chi) и ниска (Si Chi) енергија.
Sha Chi се јавува при насоченост на некоја остра структура која е насочена кон куќата. Si Chi е пак безживотна енергија која може да биде предизвикана, на пример, од канта за ѓубре поставена поставена пред вратата или под прозорецот на куќата.
Доколку не успеете да ги отстраните причините за лошата енергија, според фенг шуи, Багуа огледалото се користи како главен лек за Sha Chi и ниска Si Chi. Тоа е тркалезно и е врамено со осмоаголна дрвена рамка во црвена, зелена и жолта/златна боја, или пак во жолта, црна и црвена боја. Се користи исклучиво надвор, во случај на постоење на Sha Chi и ниска Si Chi.