
Во фенг шуи симболот среќна мачка се нарекува „манеки неко“ што на јапонски значи повикување на мачката. Името потекнува од нејзиното држење бидејќи фигурата на среќната мачка секогаш е прикажана како седи исправена со дигната шепа. Среќната мачка држи стара јапонска монета или тркалезен златник.
Оваа мачка се нарекува и мачка на среќата и парите, и претежно се користи како магнет за богатство и просперитет. Златната и црвената боја присутни кај неа се сметаат за славенички бои и ѝ даваат на среќната мачка енергија да ги привлекува луѓето. Дигнатата шепа укажува на добредојде, но и на заштитничка улога во домот.
Бидејќи намената и е да привлече пари, најдобро место за поставување е во багуа областа на богатството и парите, односно југоистокот на домот, или пак во домашната канцеларија.