
Тиркизот е камен кој го има во сите нијанси на бојата на небото – од светло сина до азурна. Поседува чиста, стимулирачка енергија, како што ја има водата во природниот амбиент.
Неговата убавина била исклучително ценета во различни култури – персиската, египетската, домородното население во Америка.
Поради својата небесна енергија, се верува дека тиркизот не штити од само од негативни влијанија, туку и дека воспоставува врска со чистотијата на природните елементи како што се водата и воздухот.

Според фенг шуи, енергијата на водата во тиркизот може да го забрза протокот на енергијата во телото, со што се засилува имунолошкиот систем.
Смирувачката, но и раздвижувачката енергија на неговата боја може да доведе до поголем мир и енергија. Тој исто така помага за подобро насочување во животот.
Како лек за богатство, тиркизот може да се постави во секторот на парите (југоисточното подрачје) во домот. Фенг шуи дрвото на среќата со тиркиз е исклучително погодно во ова подрачје.
За подобрување на здравјето, тиркизот се поставува во источното подрачје.