Брачниот кревет е еден од најсилните симболи на заедничкиот живот на сопружниците. Еве неколку фенг шуи совети поврзани со него:
Брачниот кревет треба да има еден душек, а не два посебни душеци. Скриениот процеп кој ги раздвојува душеците создава енергија на раздвојување која може да допринесе до раздвоен живот.
Доколку од одредени причини сопружниците треба да спијат во засебни кревети, тие не треба да бидат поставени еден до друг.
Заглавјето на брачниот кревет има поволна улога во создавањето на потпора и заштита, а најпожелно е заобленото заглавје.
Креветот не е пожелно да е поставен во аголот на собата, туку треба да биде поставен на место за да биде достапен од двете страни.
Креветот со огромни димензии може да звучи привлечно, но според фенг шуи тој не е пожелен поради раздвојување на сопружниците еден од друг.