
Според принципите на фенг шуи, вратaта се смета за “уста на чи” поради фактот дека енергијата влегува во домот преку влезната врата, како и преку останатите врати.
Сите поважни врати во куќата треба да бидат направени од цврст материјал. Во нив спаѓа главната влезна врата, како и вратата која што води во спалната соба. На тој начин животниот простор е поповолно дефиниран.
Лизгачките врати и вратите направени од стакло може да се употребуваат како помошни врати.
Според фенг шуи, цврстата врата наговестува правилна заштита за домот и го задржуваат лошото чи. Кога главната врата е слаба, тоа значи дека и вашиот дом не е осигурен од влезот на лошото чи.
Втората фенг шуи напомена вели дека најдобро е кога главната влезна врата е најголемата врата во домот.
Трета напомена во врска со вратите која би требало да се земе предвид е евентуалното постоење на помошни влезни врати. Тие се добри за фенг шуи, па затоа е добро да постојат. Имајте го предвид и следното:

• Ако вашата главна врата е лоцирана на север, тогаш помошната врата треба да биде на запад или на северозапад.
• Ако главната врата е лоцирана во јужниот дел од домот, тогаш помошната врата која е на исток или на југоисток би била благотворна за домот.
• Ако вашата главна врата е лоцирана во југозападниот дел или во североисточниот дел на домот, тогаш помошната врата во јужниот сектор би била добра за домот.
• Ако главната врата на вашиот дом е лоцирана на запад или северозапад, тогаш помошната врата на југозапад или на североисток ќе биде поволна за домот.