
Фигура или слика на коњ кој што стои веднаш до главната влезна врата може да обезбеди заштита од негативни влијанија, создавајќи убава јанг енергија.
Притоа, треба да се избере соодветен
приказ - на пример, неповолно е кога коњот е дигнат на задните нозе бидејќи укажува на тенденција за доминирање со просторот.
Постојат неколку негативни елементи и појави кои може да гледаат на вашата влезна врата, однадвор или однатре, а кои може да допринесат за нерамнотежа и ширење на негативна енергија во вашиот дом. Тоа се: разни предмети кои имаат облик сличен на задгробни споменици, кои може да донесат болест, предмети во форма на оган кои поттикнуваат раздор, мртво дрво од другата страна на улицата од домот. Исто така, неповолни се и разни вертикални столбови, како и шилести предмети кои се насочени кон домот, како на пример клацкалки кои наликуваат на стрели кои создаваат остар Чи кој го повредува домот.

За да се спротивставите на овие непогодности, доволно е да земете пример од боречките вештини – цврстиот став на нозете спречува да се сопнеме. Статуата на коњот идеално ја прикажува оваа положба.
Затоа поставете фигура или слика на силен коњ во близина на својата главна влезна врата. Според фенг шуи, коњот како цврст темел и симбол на среќата, ќе донесе чест и признание на семејството.