
Бродовите во Кина со векови се употребуваат за поттикнување на добри приходи. При поставување на бродот во домот, за да активацијата биде успешна, потребно да се обрне внимание на неколку работи.
Бродот не смее да биде во шише, за да не се добие симбол на попречена благосостојба. Најдобро е да се пронајдат макети на трговски едрилици . Може да ставите и повеќе макети – повеќе макети симболизираат повеќе извори на приходи. Доколку не може да ставите макета, тогаш може да поставите и слика на брод. Бродот на сликата не треба да биде оштетен и треба да биде прикажан како плови во морето. Морето треба да биде со благи бранови, а на сликата може да има и повеќе едрилици. На сликата не смее да биде прикажано невреме со бура, но не и премногу мирна вода. Бурата симболизира бура во вашите финансии, а мирната вода асоцира на премногу мирна состојба.

Макетата на бродот се става блиску до влезот на домот, односно деловниот простор. Притоа, треба да се обрне внимание бродот да не е насочен кон излезот како да ќе отплови низ вратата бидејќи тоа асоцира на финансиска ерозија. Исто така, треба да се внимава макетата да не е поставена и премногу високо.
Најпожелни се макети на стари трговски бродови на кои едрата има се затегнати и кои пловат со полна брзина. Пробајте да набавите макета која нема топови и друго оружје, но и брод кој делува моќно, стабилно и сигурно. Трговскиот брод може да биде направен од дрво или од метал – пластиката не е поволна. Наполнете го бродот со вреден товар – ставите реплики на златници и кованици, а може да поставите и полускапоцени камења.
Многу важно е каде ќе биде поставен бродот во просторот. Најважно правило е дека бродот треба да плови кон внатрешноста на просторот, а не кон влезната врата.
Доколку имате само еден брод, ставете го близу до влезната врата. Ако сакате да поставите повеќе макети, само една поставете блиску до влезната врата, а останатите распоредете ги насекаде во просторот.

Секој брод треба да биде поставен како да доаѓа од вашата позитивна насока која ја сметаме според Куа бројот
(Определување на Куа број). На тој начин ќе овозможите изворот на енергија која трговскиот брод ја носи за вас да е позитивен. Доколку во домот живеат повеќе возрасни лица, тогаш пожелно е за секој член од семејството да се постави барем по еден брод кој плови од неговата позитивна насока.