Фенг шуи: растенија за позитивна енергија
Внесувањето на растенијата во животниот простор ја зголемува позитивната енергија, но според фенг шуи, одредени растенија има поголема моќ да го прават тоа од останатите.
Еве неколку растенија кои ја редуцираат негативната енергија и создаваат поволен амбиент.
Лаванда - ова растение ја отстранува депресијата и помага при контрола на емоциите. Таа ја промовира среќата и хармонијата, обезбедува мир, плодност и верност во врските.
Нане - растение на финансискиот просперитет кое ја привлекува благосостојбата, а делува и позитивно на комуникацијата во домот.
Бамбус - ова растение во Азија со векови е силен симбол на среќата и просперитетот.
Рузмаринот - ја привлекува љубовта, ја подобрува меморијата и расположението. Според фенг шуи, со распоредување на неколку цветови во собите од домот, ќе се зголеми лојалноста на домашните кон вас.
Орхидеја - ја подобрува енергијата во домот, делува заштитнички за домашните, а нуди и добра арома која го подига расположението.
Јасмин - поволно влијае финансиската сигурност и љубовта, со тоа што за зацврстува емотивната врска.
Алое вера - го привлекува просперитетот и позитивната енергија. Според фенг шуи, ова е најсилното растение во борбата против негативните вибрации.