Освен својата широка примена во исхраната, млекото може да ја има и улогата на природно средство за разни намени во домаќинството.
Дамки од мастило
Доколку сте направиле дамка од мастило или пенкало на некоја ткаенина во домот, пред да ја исперете, ставете малку млеко на дамката. Ензимите на млекото со своето дејство ќе помогнат дамката да се испере.
Враќање на сјајот на среброто
Направете мешавина од шолјичка млеко и една лажица сок од лимон. Потопете ги сребрените предмети преку ноќта во мешавината и оставете ензимите на млекото да го направат своето.
Нега на кожниот мебел
Млечните ензими, протеини и масти кои ги содржи млекото можат на кожата на мебелот да и’ го вратат сјајот. Чиста крпа за чистење добро натопете ја во млеко, па со лесно триење пребришете ја кожата.
Пукнатини на керамички садови
Доколку сте забележале површински пукнатини на вашите керамички или порцелански садови, млекото може да помогне поради присуството на казеинот, протеин кој ќе ја одигра улогата на лепило. Ставете го садот со пукнатините во лонец со млеко, кое постепено ќе го загревате додека не стане врело. Потоа исклучете го шпоретот и оставете со садот да одстои потопен преку ноќта.