Природните средства за чистење, во однос на хемиските средства кои генерално се полни со штетни материи, се поевтини и подостапни.
Белиот алкохолен оцет е познат како универзално средство за чистење и може да се користи за отстранување на најразлични нечистотии:
1. Мијалник – ставете 170 грама сода бикарбона во шолјичка на врел оцет, полијте го мијалникот и оставете го да стои пет минути. После тоа исперете со вода и садоперот ќе сјае како нов.
2. Фрижидер – со смеса на вода и оцет испрете ја внатрешноста на фрижидерот
3. Работни површини – наместо хемикалиите и различните спреови, површините во кујната исчистете ја со крпа натопена во оцет. Оцетот може да се налее во шишенце кој има распрскувач, што ќе ја олесни примената.
4. Машина за миење садови – за да се ослободите од талозите од детергент и сапун, еднаш месечно ставете шолјичка оцет во делот за прашок и влкучете ја празна машината.
5. Шпорет – директно на масните дамки втријте малку оцет, па оставете го да делува 15 минути и избришете со сува крпа.
6. Шолјички – ослободете се од трагите на чај и кафе во шолјите така што смеса од оцет и сол нежно ќе ја втриете на дамката.
7. Садови – лонецот ќе изгледа како нов ако во него сварите вода и оцет.
8. Налепниците и етикетите може полесно да се отстранат ако претходно се намачкаат со оцет. Оставете ги така да отстојат преко ноќта, а после отстранете ги.
9. Глава на тушот – помешајте шолјичка оцет и 80 грама сода бикарбона, и во оваа смеса натопете ја главата на тушот. Оставете да делува цел саат, а после тушот исперете го со вода.
10. WC шолјата – пред спиењето во wc шолјата налијте две шолјички оцет и оставете да делува преку ноќта. Наутро едноставно пуштете вода и шолјата ќе биде чиста.
11. Дезинфекција – дрвените даски за сечкање на храна се дезинфицираат со оцет.