Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Чистење на дамки од лепак


Мало невнимание при лепењето може да доведе лепакот да се појави на несакано место, како на пример тепихот, тапацирот од мебелот или некоја друга ткаенина, и да направи дамка. Во овој случај, еве неколку совети како таа да се отстрани.

Најлесно може да се отстранат дамките од лепилата кои се направени на водена база, со кои се лепи хартија. Пред да се исуши лепакот, со лажица или со тапата страна на ножот внимателно истугајте што е можно повеќе лепак. Поголем дел од дамката ќе се отстрани ако ткаенината ја исперете со големо количество чиста вода. Постапката треба да се повтори додека целосно не исчезне.

Доколку чистењето со обична вода не е успешно, во дамката втријте петролеј и тријте додека не исчезне дамката. Подоцна петролејот ќе го отстраните со помош на детергент за миење садови – истријте го местото на дамката, исперете со топла вода, а на крај ткаенината исперете ја со најтопла вода која истата може да ја поднесе без да се оштети.

Дамките од лепак може да се отстранат и ако ткаенината добро ја потопите со оцет, а потоа ја триете со чиста крпа која сте ја натопиле со вода.

На предметите од стакло или пластика, дамките од лепак од налепниците може да ги извадите доколку остатоците од лепак ги премачкате со масло за јадење, а потоа местото го исперете на вообичаениот начин. За да не се појават овие дамки воопшто, налепниците може да ги извадите доколку го потопите предметот во топла вода и го држите додека не се извади налепницата.



Доколку лепакот се истури на паркетот, отстранете што е можно повеќе лепак. Остатокот треба да се отстрани со чист бензин – со четка за заби која е натопена со бензинот тријте го местото, а потоа пребришете со крпа натопена во вода и добро осушете го. Дамката може да се отстрани и со ацетон, но тој може да го оштети лакот, па затоа прво пробајте на некое помалку видливо место како делува ацетонот.

Доколку капнете супер лепак на некоја ткаенина, прво почекајте лепакот да се исуши. Извалканото место натапкајте го со ткаенина натопена со ацетон, почекајте минута до две, а потоа со лажица отстранувајте го омекнатиот лепак. Доколку е потребно постапката повторете ја, и тоа и од лицето и од опачината на ткаенината. Притоа, пред да започнете, исто така проверете како ткаенината реагира на ацетонот.