Доколку на дрвена маса ставите врела шолја кафе или лонец без подлошка, постои веројатност дека ќе се создаде дамка од топлина.
Заштитата на дрвените маси е на база на полиуретан или на водена база. Дамките од топлина најчесто се случуваат кај дрвени површини заштитени со лакови на база на вода.
Техниката на отстранување на дамката со помош на памучна ткаенина и пегла треба да се проба, доколку е можно, на помал сегмент и тоа на скриен дел. Кај масите со восочна заштита тој не треба да се применува.
Еве како се одвива постапката:
Чиста памучната ткаенина превиткана на половина се става врз дамката. Преку ткаенината се движи со пеглата која е подесена на слаба јачина, а движењата се рамномерни и крушни за да се загрее дамката, а притоа да не се предизвика оштетување на дрвената површина.