Доколку се затне одводот на садоперот, а немате време да викнете мајстор или сами да ја отстраните причината за застојот на водата, постои начин за „брза интервенција” која ќе го одзатне одводот.
Сипете една шолја сода бикарбона во одводот на мијалникот и веднаш потоа прелијте со половина чаша оцет.
Почекајте неколку минути, а потоа досипете уште половина чаша оцет.
После ова пуштете вода и проверете ја проточноста на садоперот.