Со секојдневно користење на компјутерот или лаптопот, тастатурата брзо станува нечиста, особено ако се работи со извалкани раце од храна.
Ефикасното отстранување на овие масни дамки знае да претставува проблем. Еве начин како да се ослободите од нив.
Сè што ви треба е малку средство за миење садови и алкохол.
Во сад во кој има малку вода додајте малку алкохол, како и капка средство за миење садови. Пред да почнете да ја чистите тастатурата, лаптопот или компјутерот задолжително исклучете го од струја.
Земете памучно крпче и натопете со во мешавината, исцедете го, а потоа истријте ги масните дамки на тастатурата.
На крајот, пребришете ја тастатурата со влажна крпа, а потоа со сува крпа или со филтер за кафе, кој нема да остави влакненца.