Покрај вообичаената употреба, како средство за отстранување на лак за нокти, ацетонот може да има и други корисни намени во домаќинството.
Отстранување на супер лепило – доколку сакате да отстраните несакани остатоци од супер лепило на некоја површина, натопете малку вата со ацетон и тријте додека лепилото не исчезне. Притоа, треба да се има предвид дека третираните површини може да изгубат од сјајноста, како на пример во случај на отстранување на лепило од пластика.
Отстранување на лепило од налепница на стаклото – прво извадете ја налепницата, а потоа со вата натопена со ацетон тријте го местото каде е лепилото.
Отстранување на дамки од мастило на кожа – пред да започнете со оваа постапка, треба да се провери на некое помалку видливо место како кожата го поднесува чистењето со ацетон. Имено, во зависност од завршната обработка на кожата, може да се случи ацетонот да предизвика оштетувања при чистењето на дамката. Доколку е сè во ред и кожата поднесува чистење со ацетон, со вата и ацетон истријте ја дамката, а потоа пребришете со влажно марамче или влажна крпа.
Отстранување на фарба од прозорецот – во добро проветрена просторија нанесете ацетон на местата кои се извалкани со фарба. Оставете ацетонот да делува неколку минути, а потоа извалканите места истријте ги со крпа, а на крај поминете ги со влажна крпа.