Архива:

Саем за мебел Милано 2010

Зелената во домот во неколку чекори

Избор на боја за ѕид

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Паметен мебел

Ентериер на Ивет Ладук

Оддалечете ги глувците од домот

Фенг шуи: бамбус во домот

Нивоа на осветлување во кујната

Двособен стан во Гетеборг

Трендови во уредување на спалната соба

Траги од вода на дрвен мебел

Трендови: “vintage print”

Концепт на отворен простор

Апартман во Њујорк

Фенг шуи: избор на врата

Допир на Мексико

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Претворете го дворот во место за опуштање

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Стан во Киев

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Згрејте ја вашата зимска постела

Фенг шуи: купување на нов стан

Меѓународен саем на мебел Келн 2010

Бои на 2010

Одвртување на пукната сијалица

ЛЕД осветлување

Мали совети за чистење

Поп-арт ентериер во Москва

Совети за поставување на слики

Типови на аспиратор

Графити во станот

Колку светлина е потребно за една просторија?

Новогодишни елки

Пентхаус во Дубаи

Порамнување на сликите на ѕидот

Совети за избор на ладилник

Минијатурни кујни

Ентериер во Сан Франциско

Чистење на подни облоги

Како да се избере вистинската перница?

Шведски ентериер

Подница на креветот

Сопствен дизајн на ламба

Фенг шуи: теорија на петте елементи

Кога треба да се промени душекот?

Ентериер на Стив Милер

Избор на душек

Големи лустери – трендовски украси во домот

Фенг шуи: распоред на мебелот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Апартман во Лондон

Столици со потпис

Мистичната виолетова во домот

Поткровје во Њујорк

Шеми за поставување на слики

Галерија на рибници во двор

Агрумите како домашни растенија

Поправка на дупки и пукнатини на ѕидот

Позиционирање на звучниците во домашното кино

Уредете го работното катче за ученикот

Дизајн на ентериер на EРГЕС

Одржување и чистење на персиски тепих

Рибникот - фокусна точка во дворот

Дизајн на ентериер на Стeнли Тем

Важни параметри при избор на LCD телевизор

Персиски теписи – синоним за квалитет и трајност

Тајните на добриот абажур

Вградување на осветлување во мебелот

Како против таложење на прашина?

Заштита на домот од сонцето

Употреба на алуминиумска фолија во домот

Острово во кујната

Трендови во уредување на дневната соба 2009

Постапување со старинскиот мебел

Уредување на домот од машка и женска перспектива

Дизајн на ентериер од Стивен Флечер

Завеси од дрво или мониста

Ослободете се од молците во плакарот

Перголи во градината

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Збогатете го просторот со камен

Скандинавски едноставно

Закачете излог

Домот на Џил Крафорд

Природни материјали за посладок сон

Цветна кулиса за тераса

Совети за чиста бања

Фенг шуи: животни подрачја

Лифтинг на старата ограда

Домот на Жил Дупре

Сјајни и проточни славини

Основни типови на изведби на PVC ролетни

Природни средства за чистење

Black&White преобразба

Домот на Абигејл Ахер

Саем на ентериери Милано, 2009

Задоволство во обична бела бања

Абажур од коноп

Еколошко уредување на домот

Лизгачки ѕидови – практично и атрактивно решение

Скалите – дополнителен простор за чување на предмети

Галерија на велигденски декорации

Совети за избор на туш-кабина

Велигденско декорирање на домот

Кога запнува фиоката

Комбинирање на бои

Решенија за одлагање на обувките

Употреба на гипс-картон ѕидови во адаптации на простори

Домот на Кели Хопен

Соларни системи за греење и подготовка на топла вода

Ентериери во Париз

Балдахин - мистика во креветот

Правила при преуредување на домот

Фенг шуи во детска соба

Инпиративен дом

Рустикални кујни

Неколку совети за избор на боја при бојадисување

Меѓународен саем за мебел IMM Koeln 2009

Детската соба – свет од бајките

Квалитетна организација на детската соба

Дискретно присуство на проѕирниот мебел

Егзотика во вашата бања

За удобно сместување на домашното милениче

Совети за чистење на уреди за готвење

Дрво и во бањата

Избор на мијалник

Избор на столици

Ослободете се од непријатните мириси

Вграден плакар по мерка

Сауна во домот

Идеи за новогодишно венче

За совршена елка

Фенг-шуи: совети за новогодишно уредување

Камин – топлина со стил

Избор на димензија на маса во трпезаријата

Полици - најкорисен украс во домот

Patchwork мебел за повесел дом

Фенг шуи: привлечете богатство во својот дом

Ослободете се од мувлата

Дилема при уредување на домот – дизајн или функционалност?

Избор на клуб-масa

Канцеларија во домот

Декоративниот бетон – успешна замена за природниот камен

Ретро стил - враќање во минатото

Зимска градина

Уредувањето на домот го открива вашиот карактер

Портокалова во домот

Бои во бањата

Трикови за уредување на мала бања

Глобален стил - светот во домот

ТВ-комоди

Модерни радијатори за поубав амбиент

5 начини да декорирате со црвена боја

Ослободете се од алергијата во домот

Чување на предмети во бањата

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Иконести ѕидни панели

Фенг шуи: Избор на мебел

Уредување на заедничкиот дом за Него и за Неа

Максимално искористување на тесната кујна

Чистење на дамките во домот (трет дел)

Фенг шуи: Средениот дом создава чувство на полетност

Чистење на дамките во домот (втор дел)

Армирано-бетонски базен

Мозаик во домот

Чистење на дамките во домот (прв дел)

Ѕидана скара во дворот

Одржување на гарнитура од природна кожа

Поправање на гребнатини на мебел

Хигиена во кујната

Совети за избор на гарнитура за седење

Позиционирање на базенот

Совети за разладување на домот

Инвестиција, димензии и форма на семеен базен

Собирање на паркетот - причини и санација

Летниковец - резиденција во дворот

Јонизирање на воздухот

Уредување на балконот според Фенг шуи

Базенот – место за опуштање и уживање

Десет идеи за заштеда на простор

Клима-уредите не се штетни само доколку правилно се користат

Како максимално да се искористи просторот

Тапетите повторно во мода

Подгответе го домот за врелото лето

Монтажни куќи

LCD или плазма: каков телевизор да се избере?

Најчести прашања за клима-уредите

Кој клима-уред да се избере?

Огледалото и Фенг шуи

Летен “look” на ентериерот

Максимално искористен минимализам

Зошто не дрво и во бањата?

Соларни коцки за поплочување на дворот

Инспирација за организирање на вашите плакари

Совети за заштеда на простор

Одберете ја вистинската работна површина

360° на располагање

Ролетни од бамбус – природно и модерно

Општи услови за чување растенија во домот

Најчести грешки при уредување на домот (V дел)

Уредување на домот во духот на хороскопските знаци

Најчести грешки при уредување на домот (IV дел)

Кревет според Фенг шуи

Стаклени призми – транспарентна елеганција

Најчести грешки при уредување на домот (III дел)

Најчести грешки при уредување на домот (II дел)

Адаптација на поткровје

Претсобјето - огледало на домот

Стаклото во домот

Егзотичност на плетениот мебел

Малку поинакви полици

Освежување на гарнитура за седење со нови пресвлеки

Белата боја во вашиот дом

Саем за мебел во Келн, јануари 2008 (III дел)

Кауч за удобност на дневната соба

Преклопна ѕидна закачалка

Неколку решенија за осветлување

Саем за мебел во Келн, јануари 2008 (II дел)

Саем за мебел во Келн, јануари 2008

Малку поинакви предмети во домот

Како да одберете тепих по ваша мерка

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Функционални плочки

Минималистички дизајн на ентериерот

Нега на мебелот

Санирање на изгореница од цигара

Стапица во вид на фотеља

Ѕидови со пруги

Во новогодишно руво

Заштитете ја кујната

Растенијата како активатори (фенг шуи)

Најчести грешки при уредување на домот

5 "не" кај спалната соба

Кадата - господарка на просторот

Голема кујничка

Огледалата - убавината на одразот

Со боите до саканото расположение

10 совети за комбинирање на материјали во вашиот дом

Направете јапонска градина

5 чекори за уредување на гаражата

Склад на дрвата за каминот

Зголемете ја функционалноста на својот дом

Заштитете го домот од провалници

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Обојте ги ѕидовите со светлост

Аквариумот – тропска нота на ентериерот

Украсни перници

Сочувајте ја интимата под постелата

Кревет што лебди – стварност или научна фантастика?

Како да одберете завеси

Ѕидните камини - спој на современост и традиција

Налепници на прозорците

11 предности на тепих во домот

Намалете ја сметката за потрошената струја

Разладете ја вашата куќа и без клима уред

Дали го делите својот дом со мравките?

Трикови за визуелно менување на просторот

Трикови за визуелно подигање и спуштање на таванот

Аквариумот - волшебство на природата во ентериерот

Осветлување (фенг шуи)

Активатори на домот (фенг шуи)

Боите во домот (фенг шуи)

Уредување на дворот - вовед

50 совети за уредување на вашата градина (1-10)

(11-20)

(21-30)

(31-40)

(41-50)

Фасади

Дрвени куќи

Стан во потполно нов костум

Катче за компјутерот (I дел)

Катче за компјутерот (II дел)

Осветлување на станбениот простор

Бидермаер стил

Уредување на домот во духот на
хороскопските знаци



Зошто при уредувањето на домот некој ќе избере старински кристални лустери, додека други попрво ќе се определат за минималистички и урбан дизајн, постојат најразлични теории? Зошто едни сакаат пастелни бои, а други црно-бела комбинација? Одговорот на овие и слични прашања може да се пронајде и во хороскопот.



Овенот – освојувач на просторот


Иако овенот е склон кон минимализам, тој сепак околу себе мора да има движење, боја и живот. Овој знак едноставно не ја поднесува досадата. Ако на ѕидот се наоѓа и само едно единствено платно, тоа е динамично, огнено и многу често на него преовладува црвената боја. Црвената и црната боја, имено, се двете основни бои во животот на Овенот. Овој знак го карактеризираат фунционалност, практичност и употребливост. Неговата природа најдобро се одразува во простор кој е оптоварен со премногу детали. Во домот на Овенот нема непотребни предмети, тој е во состојба да спие и на подот и да готви во едно тенџере, но во тоа тој е толку добар што секој гостин ќе се запраша зошто и самиот не се насочил кон минимализам.

Линиите во домот на Овенот се остри и јасни, а мебелот е квалитетен. Меѓутоа, Овенот како знак кој сака да се докажува може да потроши и цело богатство на мебел од кожа. Доколку Овенот се одлучи за поставување на семејни фотографии на видно место, тогаш нема сомнение дека тоа ќе бидат слики на неговите предци, по можност во униформа.

Вазните од метал, како и колекциите на оружје се негов афинитет. Во природата на Овенот е да освојува - како во животот, така и во дневната соба и останатите соби од неговиот дом.




Бик – беспрекорно декорирање

Доколку бикот го погодила несреќна судбина да мора да живее во стан, единствена утеха за него би била да биде тоа огромен стан, во кој ќе може да ги смести сите тие луксузни драпери, ќупови и балдахини.

Кога Бикот декорира, тој тоа го прави не занемарувајќи ги и најмалите ситници, па затоа живеење во сопствена куќа е најдоброто решение за овој знак.

Тоа би била куќа со многу цвеќе која на секој начин би оддавала чувство на удобност и добредојде. Сè треба да е удобно, со меки облици и топли бои... Поради поврзаноста на Бикот со просторот тој од домот создава култ. Од шоља за кафе до мотивите на плочките - сè треба да потсетува на богатството на животот. Бикот ја црпи инспирацијата од природата, па затоа чиниите кај него се полни со овошје, украсните саксии се полни со цвеќе, и воопшто цветните дезени се незаобиколен дел од уредувањето на домот.

Кадата е задолжителна, миризливите сапуни се со најдобар квалитет, шпајзот е полн со храна, чаршавите се од сатен... Едноставно – беспрекорно.



Близнаци – дом на комуникација

Близнаците подеднакво се среќни и кога кампуваат во шума и кога се бањаат во пенлива купка во хотел со пет ѕвезди. А кога станува прашање за уредување на домот, тие ќе направат од се помалку. Во секој случај, се знае дека ходниците, лаковите и другите премини се вистински канали за комуникација во просторот на Близнаците. Кујната е фунционална, а во купатилото кадата не е задолжителна, бидејќи тушот е сосема доволен за динамичното темпо на живот на овој знак. Иако не се клаустрофобични, во спалната соба на Близнаците вратата не е задолжителна.

Тоа што дефинитивно е задолжително се книгите, но и средствата за комуникација - од телефон до најнов модел на компјутер. И секако, плазма телевизор, кој совршено ќе се вклопи во лесниот, и често подвижен мебел.

Како воздушен знак, не зачудува склоноста на Близнаците за проветрување и често отворање на големите прозорци, на кои најчесто нема завеси, но и кога ги има тие се проѕирни и неупадливи.

Поради својата неодолива потреба да комуницираат со околината, Близнаците попрво ќе живеат во станбените згради, отколку во засебни куќи. Жагорот од улицата на нив едноставно им е повеќе од потребен.




Ракот - спокоен рај

Топлина, припаѓање, сигурност, огниште, грижа... Во недоглед се нижат карактеристиките на Ракот, знакот кој се издвојува како најприврзан за семејството од сите хороскопски знаци. Ракот во потполност зависи од својата околина и неговиот дом е топол и спокоен, бидејќи тој сака да стапне во сигурен рај кога ќе дојде дома.

Од раното детство Раковите се колекционери на сè и сешто. Секој предмет во домот на Ракот има своја историја, секој сад има свој пар, и сè има свој живот и своја смисла. Кујната е централна просторија, украсена е со садови који се генерациско наследство, на пр.чешки кристал и сребрен есцајг.

Но не само кујната, туку и секоја друга просторија во домот на Ракот, претставува царство само за себе. Удобните наслонувачи и карираното ќебе, антиквитетните шолји за чај, столиците за лулање пред каминот, негувано цвеќе и библиотеката е тоа што го прави среќен Ракот.





Лав – живот на висока нога

Кај Лавовите сè e погламурозно отколку кај другите. Тие не живеат во куќи, тие живеат во палати!

Ако се веќе присилени да живеат во стан, тогаш тој повеќе ќе наликува на салон отколку на стан, и секогаш е во центарот на градот!

Лустерите се раскошни, лампите се ремек дела, библиотеките се со книги на славни писатели. Приборот за обедување мора да биде со монограм, вазните скапоцени, пешкирите и постелнината со дизајнерски потпис... Побогатите Лавови, без сомнение ќе ги ангажираат најпознатите архитекти за дизајнирање на нивниот дом, кој секогаш ќе блеска во луксуз. Моќта и богатството свој одраз го наоѓаат во домот на Лавот.




Девицата – максимум од минимум

Веќе плочката со името на домаќинот на вратата навестува дека сè е под конец, јасно и видливо, со мирис на чистотијата уште од самиот влез во домот.

Девицата е во состојба да го повика фенг-шуи експертот само за да провери дали нејзиниот кревет е на вистинското место. Ќе повика и сервис за чистење на теписи за да биде одржуван нејзиниот бел итисон поставен од ѕид до ѕид, како и дизајнер на ентериери за да ја одбере бојата на завесата. И ако не живее во голем простор, домот на девицата ќе изгледа пространо, бидејќи девицата од минимум прави максимум. Аголните гарнитури, фотељите на извлекување, столиците на расклопување и доминантната бела боја едноставно го прават своето. Огромната библиотека е исполета со книги за медицина, растенија, енциклопедии и речници и задолжително е застаклена поради заштита на книгите од прашина. Сè е совршено, уредно и блескаво.




Вагата – школски пример за хармонија и складност

Цвеќе пред влезната врата, стилизирана плочка за име на вратата, декорирано чергиче. Тоа е Вагата – знак чиј најсилен штит е убавината.

Иако Вагата тешко ќе одлучи дали тепихот треба да биде црвен, а ѕидовите плави или обратно, таа на крај ќе ги обои ѕидовите во пруги со двете бои и подот ќе го остави без тепих. Просторијата на крај, без разлика на изборот кој го направила вагата, ќе добие артистички изглед.

Вагата најмногу од сите хороскопски знаци ги сака гостите. Впрочем убавината е бесполезна ако не може да се види и да се прикаже.

Дневната соба кај Вагата е школски пример на хармонија и складност, завесите се раскошни, балконите се полни со цвеќе, а не е чудо и ако дел од домот биде претворен во зимска градина во која складно се сместени фотељи од бамбус. Токму тука Вагата би можела да го поминува времето во читање, сликање или музицирање. Витрините во домот на Вагата се полни со уметнички предмети, а порцеланот и кристалот се поставени на подлога од шпанска чипка, додека сребрените предмети се поставуваат на свилен чаршав на масата за дванаесет лица.

Спалната соба со балдахин и тоалетната масичка покрај креветот е свет сам за себе, кој плени со убавина и складност.

Линиите во домот на Овенот се остри и јасни, а мебелот е квалитетен. Меѓутоа, Овенот како знак кој сака да се докажува може да потроши и цело богатство на мебел од кожа. Доколку Овенот се одлучи за поставување на семејни фотографии на видно место, тогаш нема сомнение дека тоа ќе бидат слики на неговите предци, по можност во униформа.

Вазните од метал, како и колекциите на оружје се негов афинитет. Во природата на Овенот е да освојува - како во животот, така и во дневната соба и останатите соби од неговиот дом.




Шкорпија – мистично и опојно

Шкорпијата се згрозува од просечност и умереност и на сè става свој личен печат. Уште поштенското сандаче и чергичето фиксирано до прагот ни укажува дека домаќинот сака нешто да ни соопшти. Домот на овој мајстор на мистеријата никого нема да остави рамнодушен бидејќи Шкорпијата едноставно ја обожува драмата.

Претсобјето е како лавиринт, со закачени маски од Африка, слонова коска и слики на моќни животни.

Салонот е простран, четвороседот е во пурпурна боја, со украсни кадифени перничиња, а на ѕидот е закачена огромна слика...Мирисливите свеќи и стапчиња се неизоставен елемент на домот на Шкорпијата, а тепихот е зебрест.

Врвот на склоноста на Шкорпијата кон уредувањето на домот може да се види во спалната соба. Креветот на Шкорпијата е во мирис на Ориентот, со бордо постелнина, крзно на подовите, смели актови на ѕидовите ... Сè е во комбинација на црното и црвеното, па дури и завесата од свила која е рачно украсена.

Бањата е поврзана со спалната соба и целата е во огледало и мермер.

Домот на Шкорпијата е мистично и опојно место. Доколку Шкорпијата реши да ве угости, тоа искуство нема брзо да го заборавите.



Стрелец – клучен збор експанзија

Стрелецот ја обожува слободата и животот на хациенда би бил идеален за него. Двор, коњи, врата како во салун, куќарка за птици, палми и стебла на портокали, огромни саксии на филадендрон - за него се идеално решение. Во домот на Стрелецот сè е пространо и често го исполнува со спомени од патувањата: племенски уметнички дела во кујната или препариран алигатор покрај кадата. Некои луѓе и нема да имаат желба да се капат покрај препариран алигатор, но Стелецот со таквите, се разбира, не се дружи.

Клучен збор во домот на овој знак е експанзија. На ѕидовите се огромни огледала, лустерите се масивни, лаковите неизбежни, фотељите широки, а масата за билијард не е толку чудна појава.

Жолтата боја доминира во домот на Стрелецот. Преферира лесни лелеави завеси.

Стрелецот спие во најголемиот можен кревет, покрај кој се наоѓаат безброј часописи, скапоцени шишиња со парфеми и неизбежниот авантуристички роман.




Јарец – вистински вредности

На Јарецот му е многу важна светлината и дење и ноќе, па затоа завесите се секогаш размакнати, а лампите се насекаде во просторијата.

Куќата на Јарецот многу често е во камен, а портата од ковано железо. Паркот околу куќата на Јарецот е украсен со скулптури, а под виновата лоза се поставени клупи.

Влезната врата на Јарецот обично е масивна, а лакот над неа е во готски стил. Кога ќе влезете во ходникот на домот на Јарецот, можно е да наидете на два украсни оклопи или на некои богати таписерии.

Слично е и во дневната соба, просторија со висок таван обложен со греда.

Ѕидовите се прекриени со библиотека од махагони и со слики од старите мајстори. Мебелот е масивен, во резба или пресвлечен во кожа, а тука се и украсните перници поредени до предните ткаенини.

Грнчаријата на полиците и мирисот на ајдучка трева се незаобиколни елементи во домот на овој решителен знак.

Јарецот толку е наклонет на вистинските вредности што во неговиот дом пластиката практично не постои, додека екологијата е негов заштитен знак.

Иконата на столчето, бројаниците, топлата постелнина, фланелот и четките од природни влакна најдиректно се поврзани со Јарецот.





Водолијата – спој на неколку стилови

Водолијата обично живее на последниот спрат бидејќи ја обожува панорамата на градот, а терасите се места каде поминува голем дел од времето. Столиците и лежалките на расклопување, како и колекцијата на весници секогаш се присутни. Домот на Водолијата е преполн со книги. На полиците, на ѕидовите, купови до креветот, на комодите и под креветот... Водолијата би морала да размисли колку места и одземаат сите овие книги бидејќи за луѓето останува многу малку простор.

Дневната соба во која престојува овој знак е спој на неколку стилови. Компјутерската маса е задолжителна, а со тоа и најновиот компјутер, подсетник, три мобилни телефони и два фиксни телефони... Со плазма телевизорот, како и музичките уреди кои би можеле да бидат и опремана дискотека.

Во секој случај, ништо не е пренатрупано бидејќи тоа Водолијата не го поднесува. Просторот е функционално уреден, кујната и трпезаријата се осмислени на тој начин што во нив најлесно е да се јаде “од нога”, а микробрановата печка претставува клучен орган во овој дел од куќата на Водолијата.

Слично на ова и спалната соба е модерно наместена, а постелнината е од материјал што не се пегла, бидејќи Водолијата за ова активност, покрај сите фантазирања кои ја очекуваат, едноставно нема време.




Рибите – во светот на бајките

Рибите сакаат да биде сè баш онака како што треба, креветот да е мек, а теписите луксузни и ориентални. Во спротивно, рибите никако нема да се чувствуваат пријатно бидејќи токму овој знак својата душевност ја изразува со уредување на просторот.

Со влегување во претсобјето на станот во кој живее рибата, се влегува на прагот на еден поинаков свет од бајките. Нозете потонуваат во персиските теписи, а спокојот е максимален. Од улицата не допираат звуци бидејќи изолацијата е совршена, а и завесите најчесто се двојни. Ова е амбиент кој делува на сите сетила.

Витрините и комодите се беспрекорни, а столиците се со висок наслон. Салветите за обедување се платнени, а прекривките за маса се хеклани, а украсните перници се надополнети со фина чипка и машни.

Домот на Рибите најмногу од сите знаци личи на бајка. Колекцијата на фини вина и приборот за бриџ, романтични чајници и тенџерчиња со туфни, брусен кристал, свила, кадифе и чипка, подеднакво, како и големата бања во тиркизни бои оддаваат призвук на топлина и удобност.