Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Сочувајте ја интимата под постелата



Иако можеби делува премногу футуристички, ваков креветен свод на посебен и ефективен начин ќе создаде интимен простор за спиење. Од преостанатиот животен простор визуелно ќе го оддели.




Celeste е пополно нов концепт на креветен свод кој со својот современ дизајн остава свеж и единствен впечаток на мир, заштитеност и едноставност, а со тоа поттикнува на опуштање и духовно размислување. Едноставно мора да се вовлечете во овој кревет! Celeste е мобилен свод со кој може да се направи над било кој кревет и така да се оддели просторот за спиење со остатокот од просторот во кој престојуваме. Овој тип на одделување ќе се покаже прикладен во моноволуменските простори, односно во големи простории кои со преградување можат убаво да се рационализираат и оптимално да се искористат.



Овој креветен свод е дело на белгискиот дизајнер Крис Ван Ден Берг. Со овој параван спалната соба се претвора во чаура, односно во интимна колиба за спиење. Со него може да направите интимен простор во средината на голема соба, како и подобро да го изолирате креветот во вашиот дом во подкровјето.

Собата во соба ненаметливо ќе се вклопи во просторот, а нејзиниот покрив нежно ќе се слева кон подот творејќи во собата декоративен преграден ѕид.