Уредување на спална соба:

Совети за уредување на спалната соба

Осветлување на спалната соба

5 "не" кај спалната соба

5 "не" кај спалната соба (втор дел)

Правилно избрани елементи во спалната соба за квалитетен сон

Сочувајте ја интимата под постелата

Природни материјали за посладок сон

Избор на душек

Кога треба да се промени душекот?

Подница на креветот

Како да се избере вистинската перница?

Како мала спална соба да изгледа поголема?

Интересни наткасни во спалната

Складирање во спалната соба

Влијание на боите во спалната соба врз сонот

Спална соба во поткровје

Природа во спалната соба

Клупа во спална соба

Спални соби во скандинавски стил

Мост-плакар околу креветот

Стаклен ѕид во спалната соба

Пастелни бои во спалната соба

Кога треба да се промени душекот?


Векот на траење на душекот може да зависи од повеќе фактори: квалитетот на материјалите вградени во него, технологијата на изработка, фреквентноста на користење, како и од креветот, односно подлогата на која е поставен. Сепак, генерално може да се препорача менување на душекот на секои 8 до 10 години, но доколку после ноќниот одмор се будите ненаспани и со болки, треба веднаш да се замени.

Исправноста на душекот се одредува според неговата тврдина и цврстина. Не постои одредена нумеричка скала со која ќе се одредуваат овие параметри, па затоа најдобар оценувач на душекот е токму лицето кое спие на него.


Еве неколку знаци кои укажуваат дека душекот не е цврст:
  • меки или налегнати места на душекот на местата каде што не пружа доволна потпора на телото;

  • шкрипење, крцкање и други звуци, кои укажуваат на истрошеност;

  • рабовите на душекот не се цврсти;

  • пукнатини и оштетувања на подлогата на која душекот лежи, кои ја ослабуваат потпората на душекот;

  • општа истрошеност на материјалите од кои е направен.