Декорирање на домот:

Омбре новогодишни елки

Совети за употреба на мотиви

Совети за декорирање со пруги

Декорации на скали со цвеќе

Внесување на карирани елементи во домот

Убавината на рефлектирачкиот мебел

Галериски ѕид

Големи ѕидни часовници

Идеи за новогодишно украсување на мал стан

Украсена новогодишна трпеза

Идеи за новогодишна елка

Плочки со геометриски форми

Сјајот на летото во домот

Збогатен минимализам

Декорации за Велигденските празници

Комбинирање на мотиви во ентериер

Идеи за велигденско украсување

Декорација на просторот со растенија

Скалите како украс во домот

Новогодишни украси на трпезата

Новогодишни декорации со тегли

Совети и идеи за новогодишни декорации

Декорaција на столбови

Декорации за Велигденските празници

Декорација со гранки

Новогодишно декорирање на влезната врата

Новогодишно декорирање на мали простори

Стилови на украсување на елка

Галерија на новогодишни украси

Декорирање на клуб маса

Домот во есенско руво

Декорација на скали

Ретро детали

Колаж од фотографии на ѕидот

Печатење на сликарско платно

Зебра мотив

Тапети и ткаенини во склад

Домот во велигденско руво

Мурали во темница

Декорации со коноп

Како да ја украсите новогодишната трпеза

Прозорци во новогодишно руво

Декорации за новогодишните празници

Креативна декорација на ѕидовите

Боите на есента во ентериерот

Обоени дрвени подови

Маски за радијатор

Трпеза во Велигденски сјај

Велигденски амбиент

Новогодишнo украсување со светилки

Новогодишни украси

Декорации кои греат во студената зима

Весела кујна

Есенски декорации со тикви

Детали во бела бања

Декорација со оригами

Комбинирање на перничиња

Цветни мотиви во бањата

Интарзија како украс

Тулa во ентериерот

Раскошот на мозаикот

Фонтани во дворот

Велигденско украсување

Пепито мотив

Како да се изложи цвеќето

Осветлени полици

Разубавете ги полиците

Светлината во најдолгата ноќ

Новогодишно декорирање на прозорците

Новогодишни декорации во трпезаријата

Прекрасни новогодишни елки

Декорација со букви

Убавината на есента во домот

Каро мотивот во ентериерот

Ѕидови бојадисани со мотиви

Графит на ѕид во домот

Рустични детали за топлина во кујната

Декорации на трпезата за Велигден

Велигденски декорации

Декорирање со географија

Прозорците во новогодишно руво

Новогодишни декорации на трпеза

Декорации на новогодишна елка

Новогодишни декорации

Старите комоди со нов сјај

Алтернатива за традиционалните завеси

Убавината на подните ламби

Шармот на дрвените греди

Ковано железо во ентериерот

Повторувањето како елемент во уредувањето

Аранжирање на трпезариска маса

Внесете боја со перници

Свеќници и свеќи за елеганција и мистика

Новогодишно декорирање на прозорците

Аранжирање на декоративни предмети

Идеи за новогодишни декорации (прв дел)

Идеи за новогодишни декорации (втор дел)

Идеи за украсување на новогодишна трпеза

Принтови за стил во просторот

Есента како совршен декоратер

Школска табла во вашиот дом

Мешање на стилови

Новогодишни елки

Шеми за поставување на слики

Завеси од дрво или мониста

Велигденско декорирање на домот

Идеи за новогодишно венче

За совршена елка

Декоративниот бетон – успешна замена за природниот камен

Ѕидови со пруги

Огледалата - убавината на одразот

Налепници на прозорците



Идеи за новогодишно венче



За изработка на ова венче потребни се: совитлива жица со средна дебелина, коноп, зимзелени гранчиња, неколку помали шишарки, црвени и златни лампиони, црвена машна и лепак.

Жицата свиткајте ја во форма на правилен круг со помош на клешти, а свежите зимзелени гранчиња (потребно е да бидат свежи и долги за да полесно се свиткуваат) исплетете ги во круг околу свитканата жица и прицврстете ги со коноп. Со супер-лепак на самото гранче залепете неколку шишарки (тие треба претходно да бидат исушени за да бидат лесни), потоа заврзете ги лампионите и на крај, заврзете ја или залепете ја пеперутка-машната.

Доколку машната е поголема и потешка, прободете ја со игла и конец, како да шиете, а потоа цврсто заврзете ја за новогодишното венче. Кога венчето ќе биде готово, може да го закачите на врата или на ѕид.



За изработка на венец со сијалички, потребна е свиткана жица (како и кај претходниот пример), гранчиња на зимзелено дрво, а може и да послужат гранчиња од вештачка елка која веќе не ја употребувате. Обвиткајте ги околу жиците завиткани во круг, прицврстите ги со коноп, а потоа обвиткајте го низот од сијалички. Ова венче подобро е да се закачи на ѕид (близу до електричен приклучок) за да може да се приклучат сијаличките и да се создаде целосен амбиент.






Ова декоративно венче се прави на ист начин како и претходните две, односно со вплетување на зимзелени гранчиња околу свитката жица. Со лепак на гранчиња залепете поголем број на шишарки, а потоа испрскајте го венчето со вештачки снег од спреј. На крај, врзете машна и закачете го венчето на влезот на својот дом.











Потребен материјал за ова венче: жица, стари весници, коноп, лепак и лампиони во две или три бои. Околу жицата, во круг се обвиткуваат весници, на тој начин што секој лист се згужвува во вид на лента и се замоткува. Тоа се повторува со неколку листови, а потоа тие се врзуваат со коноп. Украсните топчиња ги лепиме со лепак за весник, со тоа што се почнува со помалите топчиња, а се завршува со поголемите. Изработката на ова венче бара малку повеќе време и ангажман, но сепак на крај трудот е видлив и тоа изгледа фантастично. Ова венче најдобро е да се стави на ѕидот на просторијата која се декорира, бидејќи премногу е деликатно и кршливо за поставување на влезната врата.



Ова нежно, бело венче неодоливо асоцира на зима, изгледа како круг кој е направен од топки снег, а всушност се прави од волна. Имено, прво се изработуваат 10 – 15 класични волнени топчиња. Составете ги со игла и конец, а потоа врвцата од бела волна прицврстете ја за свитканата жица. Може да се закачи на било кој ѕид, но исклучително ефектно изгледа на темна подлога, а белиот ѕид треба да се избегнува.









Галерија на новогодишни венчиња