1. Кај долга и тесна градина, избегнете го ефектот на ходник така што ќе ја поделите градината во неколку помали целини раздвоени со стреи или паравани од бамбус. Секој дел може да го осмислите со растенија во различни бои и облици за да на секој дел му се даде посебна атмосфера, или разновидни функции. Друго решение е поставување на патека дијагонално преку градината, која ќе го води погледот од едниот до другиот крај на градината и на тој начин ќе се создаде чувство на ширина.
2. Вложете средства за надворешно грејно тело. Печките најдобро се вклопуваат во рустични и селски градини, но постојат и модерни модели кои можат добро да се вклопат во другите стилови. Одберете мала печка која може да ја ставите на терасата или платото.
3. Направете притаен дел за седење, сокриен од погледите на соседите со пергола обиткана со ползавец.
4. Проширете ги патеките на барем метар ширина доколку растенијата ја надвиснуваат патеката. Доколку градината е во форма на квадрат или правоаголник, патеката не ја поставувајте по средината за да се избегне ефектот на здодевност. Поместете ја малку на страна или нека биде кривинеста. Истотака, посадете некои повисоки растенија за да го сокриете другиот дел на градината од погледи и на тој начин да создадете мистично чувство.
5. Внесете висина и структура во градината со мали дрва. Крошните ќе овозможат простор за птиците и корисните инсекти. За мали простори одберете компактно дрво, на пример црешово дрво што цвета.Задолжително информирајте се за висината и ширината што може да ја достигне дрвото. Ако сакате дрвото да ве штити од погледите на соседите, а истовремено да не фрла пресилна сенка, определете се за сребрена бреза.
6. Секогаш на крајот на патеката поставете некоја фокусна точка, на пример некоја скулптура или големо растение за да привлече поглед или за да се истакне просторот. Може на крај на патеката да се постави езерце или маса и столици за одмор и обедување.
7. Не сакате косење трева? Заменете ја делумно или целосно со чакал, камчиња или ситни школки кои ќе ги поставите под геотекстил кој го спречува коровот. Додадете и некои склуптури или фонтани за градини, но не претерувајте со премногу украси
за да не се добие чувство на пренатрупаност или неуредност.
8. Даските се убава поглога, но бараат одржување. Секоја година заштитете ги со заштитен слој.
9. Размислете за поставување на патека во медитерански стил, која секогаш убаво изгледа.
10. Нека првиот впечаток биде величествен. Поставете саксии или жардинери со дрвца или грмушки пред влезната врата.
..претходна     следна..