
Папратот како растение потсетува на многу дамнешни времиња, но и денес е исклучително популарно. Добро успева и во простории каде што нема многу природно светло, ја сака влагата, па за тоа ќе биде задоволно и во кујната или во бањата. Чувајте го секогаш на влажно место. Во лето залевајте го 2 пати седмично, додека во зима еднаш седмично и внимавајте температурата да не падне под 10°C. По можност, во текот во летото редовно оросувајте го, а во текот на зимата, ако е во просторија каде што е сув воздухот (поради централно греење) сметајте го тоа за задолжително. Влагата во воздухот може да се зголеми на тој начин што растението ќе се посади во пластична саксија и да се стават каменчиња во подлошката.
Во текот на годината може да ја удвои својата големина, па затоа на секои две седмици прихранете го со вода во која сте додале течно ѓубриво за лисести растенија.
Пресадете го во рана пролет. Тогаш може и да ги одвоите младите растенија кои се закорениле покрај матичните растенија. Едноставно нежно одвоите ги со корените и посадете ги во посебна саксија.
Ако листовите се кршливи и кревки, недостасува влажност. Одрежете ги листовите на неколку сантиметри од земјата и добро залевајте ги. На тој начин, ќе израснат млади листови.
Понекогаш доаѓа до мутација на младите листови, па одеднаш кај папратот може да се појави лист кој не е назабен. Таквиот лист одрежете го, за да не станат сите листови глатки и неназабени.