
Ова трајно растение се сретнува во многу градини, а потекнува од Кина. Има
расчленети зелени листови, а на долгите извиткани стебла растат цветови со
интересен облик кои потсетуваат на срциња, па од таму и името. Цветовите може
да бидат сосема бели или во комбинација на надворешни црвени и внатрешни бели
латици. Најчесто цвета од крајот на април до средината на јуни.
Добро успева на полусенка, па може да го посадите под големи крошни или во делот од
градината кој нема многу сончева светлина.
За да цвета што повеќе насадете го во богата хумусна земја која е добро дренирана, а тлото одржувајте го умерено влажно.

Се препорачува со доаѓањето на потоплите
денови, некаде во мај, околу стеблото да се стави покривка од листови.
Се размножува со семе или со делење на коренот во рана пролет.