Во есен на тревникот треба да му се посвети посебно внимание за да добро се подготви за зимскиот сон, после кој напролет порано и поубаво ќе почне да расте.
Искосете го
Со доаѓањето на кратките и сè пократките сончеви денови тревата расте побавно, а бидејќи е доволно влажна и цврста, треба да се искоси. Тревата косете ја кога времето е суво, но оставете ја малку повисока отколку во летниот период. Во есен особено е важно последното косење, кое не смее да се изврши премногу доцна. Општо правило е дека тоа треба да се биде кон средината на октомври.

Покосената трева, заедно со паднатите лисја треба да се соберат и да се тргнат.
Имено, поради недостатокот на топлина тие нема да создаваат хумус, туку само кал, под која тревата преку зимата ќе се задушува, а особено ако има снежна прекривка кој подолго време се задржува. Од тревникот исчистете ја мовта, кој доколку не е со преголема површина, најдобро е рачно да го исплевите.

Пред зимата тревникот треба да се “проветри”, и тоа со гребло и со прободување со вила, бидејќи земјата така станува порастресита. Со тоа, напролет тревата подобро ќе расте, а истовремено ќе се оневозможи растот и ширењето на мовта.
Наѓубрете го
Во ова време тревникот треба да се наѓубри, а експертите препорачуваат за ова доцно ѓубрење ѓубриво од кое порамномерно и подолго време ќе се ослободуваат хранливи материи. Ако во тревникот има коров, истовремено со ѓубрењето треба да се употреби и средство за негово уништување. Притоа, ако коровот угине пред првиот студ, настанатото празно место на тревникот ќе се пополни бидејќи ѓубривото ќе го поттикне растот на тревата.
Многу тенок слој на тресет, расеан по тревникот, ќе ја зголеми неговата отпорност кон студот и ќе го снабдува со свеж хумус. Употребата на компостот не е препорачлива, бидејќи содржи многу семе на коров, тако да следната пролет може да бидете непријатно изненадени.