Големите земјени садови, како на пример ќуповите, амфорите и големите саксиите, одлично прилегаат во градината. Со својата убавина и грациозност претставуваат вистинско освежување во цветниот амбиент. Доколку амфората е стара и оштетена може да ја исчистите и пребоите, и потоа да ја користите како саксија. Од амфората или ќупот може исто така да се направи интересна фонтана во дворот.