
Ова е едно од растенијата кои најлесно се одгледуваат и размножуваат.
Постојат неколку видови, но сите изгледаат прекрасно поставени на
висока полица или во висечка корпа. Видот со целосно зелени листови
бара многу малку светлина, па може да го ставите во простории кои не
се многу осветлени. Видот со бело - зелени листови има потреба од
повеќе светлина, но не и директно сонце.
Полевајте го два пати седмично во лето, а во зима само еднаш. Во лето
ќе му годи ако ги оросувате листовите.
Ако забележите дека листовите се пожолтени на врвовите, значи дека му
недостига влага. Пожолтените листови одрежете ги.
Прихранувајте го еднаш месечно со вода во која сте додале ѓубриво за
лисести растенија.
Клорофитот обично во доцна пролет (ова не е правило) пушта изданки
на кои има мали бели цветови, кои подоцна ќе станат млади растенија.
Тие мали растенија со време ќе пуштат коренчиња, па тогаш едноставно
ставете ги во сад со земја, и имате нови растенија. Но не мора да ги
одрежете сите изданки. И со нив клорофитот изгледа прекрасно.