GreenFrame - рамка за растенија
Greenframe рамката за одгледување на растенија во саксии со интегрирано осветлување е дело на шведското дизајн студио Kauppi & Kauppi. Таа овозможува растенијата да може да се чуваат во услови кога дневната светлина не е доволна. Во Скандинавија, од каде потекнува овој производ, постојат предели кои во одредени делови од годината има само неколку часови дневна светлина во текот на целиот ден.