
Потеклото на ова растение е од Источна Азија, односно од Јапонија, Индија и Кина, каде што растат во плитки води и бари. Се користи подеднакво како собно и градинарско цвеќе.
Расте до висина од 10 до 40 cm (зависно од видот). Препознатлив е по своите шарени листови кои имаат жолти и бели пруги.
Сака полусенковити места , или места кои не се директно изложени на сончева светлина. Бара доста влага и влажни почви, па затоа треба редовно и обилно да се залева.
Прилично е отпорно, па затоа е благодарно растение за кое не е потребно преголема грижа, а и штетниците што го напаѓаат се ретки.
Растението најдобро е да се пресадува на ново место во почетокот на пролетта, а ако сакате да го размножите тогаш исто така правете го тоа во текот на пролетта. Постапката се прави со разделување на ризомите и нивно садење на саканото место.