
Растение со убав и елегантен изглед кое без проблем може да живее во сенка. Добро поднесува различни услови, но бара малку поголем простор и му пречи провев, па затоа треба да се внимава каде ќе се постави. Препорачливо е палмата да се постави во аголот на собата.
Во текот на зимата малку залевајте ја, на секои десет дена бидејќи поради прекумерно количество вода може да се случи да почне да гние и тогаш, за жал, и’ нема спас. Во лето залевајте ја два пати седмично.
Повремено, отприлика еднаш месечно, прихранете ја со вода во која има додадено течно ѓубриво за собни растенија.
Во текот на годината и’ израснуваат само 2-3 листа, па така се пресадува на секоја втора година, па дури и поретко.
Барем на секои два месеца избришете ги листовите со влажна крпа.