
Ова листопадно растение потекнува од Jужна Африка. Може да го одгледувате како ползавец или на пролет добро да го поткастрите и да расте како грмушка. Има овални ливчиња, а цветот се состои од повеќе мали споени цветчиња со по пет латици. Цветовите најчесто се нежно сини, но постојат вариетети со бела и кобалтно сина боја. Цвета во текот на целото лето.
Сака сонце, па затоа ставете го на место со директна сончева светлина или во лесна полусенка. Земјата треба да биде хранлива и добро пропусна.
Му одговара да биде насадено на тесно, па затоа може да го насадите и во саксија. Особено ако живеете во постудени краеви и на зима треба да го внесете внатре. Тогаш ставете го во незагреана, светла просторија за да му го овозможите периодот на мирување.

Треба редовно да го полевате во периодот на раст и додека има листови, а во студените денови внимателно со полевањето за де почне коренот да трули. Додека цвета пожелно е да го прихранувате на секои 15 дена со течно ѓубриво за растенија кои цветаат.
Се размножува со резници, во текот на јуни и јули, но за овој процес треба многу трпение, со семе или со младите изданки кои растат покрај матичното растение.
Овенатите цветови оставаат лапливи и обоени траги, па внимавајте каде ќе го посадите.